
ИМПЛАНТОЛОГИЈА
Имплантите се титаниумски колчиња (завртки), кои хируршки се поставуваат во виличната коска. Целта на нивното поставување е тие да бидат носачи на идните протетски конструкции (коронки и мостови). Имплантот многу стабилно се поставува во коската со посебна процедура, а потоа на него се поставува коронка со што се добива вештачки заб идентичен на природниот. Со имплантите може да се заменат еден, неколку заби или сите заби во устата. Тие се користат како основа за соло коронки и за фиксни мостови.
Денталните импланти механички се вметнуваат во коската, а таа се поврзува со нив по пат на осеоинтеграција. Тоа е природен процес преку кој коскеното ткииво сраснува со имплантот и го прифаќа како свој природен дел. Вака вградениот имплант претставува многу цврста основа за идните вештачки заби. Со имплантите и со мостовите изработени над нив, комплетно се враќаат во нормала функциите на џвакање, голтање, зборување, се враќа физиономијата на ликот и се постигнува естетика исто како и кај природните заби. Имплантирањето е рутинска процедура која не е болна за пациентите, тие многу лесно ја прифаќаат и најчесто не се појавуваат сложени постоперативни компликации.
Денталните импланти се многу успешен начин за замена на забите поради нивната коскена интеграција, што е природен процес при кој коскеното ткиво го обраснува имплантот и тој практично ,,се всадува,, во коската. Со тоа се добива многу цврста основа за вештачкиот заб која овозможува нормално џвакање и зборување.
Студиите покажуваат дека веројатноста за десетгодишно опстојување на имплантатот заедно со коронката или мостот кој го носи изнесува 97% додека коронката ставена на соструганиот заб после десет години опстојува во 87% од случаите.
Како изгубениот заб влијае на состојбата на коската?
- Сите заби се на место
- Изгубениот заб доведува до размрдување на соседните заби и до губиток на коската
- Коската се топи на местото каде што е изгубен забот и остава видлив дефект
- Сите заби во долна вилица
- Коската почнува да се ресорбира на местото на изгубениот заб
- Изгубената коска со тек на време може да биде значителна
- Сите заби во долна вилица
- Тотална беззабост доведува до намалување на вилицата
- Значителна намаленост на вилиците доведува на колапс на мускулатурата на лицето
Доколку недостасува коскена супстанца, што се случува кога вилицата се истенчува поради недостаток на заби? Состојбата се комплицира, но, се решава со земање на коска од друго место или додавање на вештачка коска и така се надополнува изгубената коскена маса.
Поради релативно ниските трошоци, мостовите и денеска се сметаат за стандардна терапија во третирањето на поединечниот недостаток на заби. Меѓутоа, соседните, дури и потполно здрави заби, мораат да се состружуваат ,така што, во суштина се оштетуваат два здрави заби за да се намести еден заб што недостасува. Тоа секако е во спротивност со експерското правило кое зборува дека највисоката цел во стоматолошката пракса е да се сочува забот здрав. За еден единствен заб се исплаќа секоја борба. Таму каде што забот недостасува, нема оптеретување на вилицата и таа атрофира.
Ефектите од староста се очигледни кога поради губиток на коскена маса на вилицата, усните стануваат потенки и тесни, а врвот на брадата зазема позиција како да сака да се придвижи нанапред.
Процедурата на имплантирање на еден единствен заб поприлично е едноставна. За почеток, потребна е рендгенска дијагноза. Пред да се донесе одлука за поставување импланти се спроведуваат дијагностички испитувања: модели, рендгенски снимки. Прво на рендгенската слика се гледа дали има доволно место за имплантатот, дали коската е доволно цврста и масивна и дали е потребно да се додава нова коска на местото каде се планира имплантот. Потребен е и компјутерски томограм за да може добро да се одлучи за позиционирањето на титаниумскиот клин.
Хируршкиот зафат за поставување на импланти се изведува амбулантски со локална анестезија. Постапката се состои во расекување и подигање на гингивалното ткиво и разоткривање на коската. Во коската на одредено место внимателно се издлабува ,,дупка,, која прецизно одговара на должината и дијаметарот на телото на имплантот. Откако имплантот ќе се постави, гингивалното ткиво се зашива одозгора (се враќа на место, се репозиционира) околу имплантот. Пациентите добро го поднесуваат зафатот, а постоперативните тегоби се незначителни.
Третмани
- Подвижна парцијална протеза
- Фиксен мост
- Коронка над имплант
- Парцијална протеза
- Фиксен мост (забите носачи се стружат)
- Фиксен мост над импланти
- Подвижна тотална протеза
- Тотална протеза над импланти
- Фиксен циркуларен мост над импланти кој ги надоместува сите изгубени заби