СЕ НА ЕДНО МЕСТО

ЗАБНА ТЕХНИКА

Во состав на нашата ординација, располагаме и со професионална, комплетно опремена заботехничка забораторија. Користиме исклучиво проверени и квалитетни материјали од реномирани светски производители кои ги запазуваат сите пропишани норми и стандарди. Вашите коронки и мостови ќе бидат брзо, ефикасно и квалитетно изработени за само неколку дена. Нашата лабораторија континуирано се усовршува и ги имплементира новите технологии и трендови од областа на забната техника и стоматологијата. Нашата техника нуди широка палета на изработки:

  • безметална керамика
  • метал керамика
  • реконструкции врз имплантати
  • парцијални протези
  • тотални протези
  • заштитни гуми за бруксизам / ноќни чувари

За нашата забна техника одговорна е г-ѓа Охрида Цветановска – забен техничар со 25 години работно искуство.

СЕОПФАТНА СТОМАТОЛОГИЈА

  • Пломбирање на заби (безболно и максимално естетски)
  • Белеење на заби
  • Чистење на забен камен и полирање
  • Пародонтални третмани
  • Ендодонција (обработка на коренски канали)
  • Вадење на заби
  • Детска и превентивна стоматологија
  • Фацијална естетика (хијалуронски филери)
  • Ретроалвеоларни рентген снимки

ПРОТЕТИКА

Безметална Керамика

Со врвната естетика што ја постигнуваат и транспарентност на светлината иста како и кај природните заби, забите изработени од цирконија во својата основа не содржат метал, имаат комплетна биокомпатибилност кон ткивата во организмот и не предизвикуваат никакво пребојување на гингивата. Основата на овие вештачки заби компјутерски се дизајнира и по пат на ласерско режење се изработува во посебен CAD – CAM апарат. Коронките и мостовите изработени од цирконија се високо квалитетни, имаат огромна цврстина и со нив се добива врвна естетика. Конечно можете да ја добиете вашата холивудска насмевка!

Метал керамика

Фиксните коронки и мостови изработени од порцелан во потполност ја надоместуваат функцијата и визуелниот ефект како кај природните заби. Тие содржат основа изработена од биокомпатибилна легура на повеќе метали. Основата е целосно покриена со висококвалитетен порцелан при што се добиваат вештачки заби кои по боја и форма не се разликуваат од природните заби.

Протетика над импланти

Најдобро решение за изгубените заби е изработка на протетски надоместоци над импланти. Соло коронки, како и мали и големи мостови конструкции се изработуваат над поставените импланти и притоа се регулира загризот заедно со изгубените меѓувилични односи. Проверете повеќе за импланти тука

Парцијални протези

Во ситуации каде нема можност да се постават импланти, најсоодветно решение е изработка на парцијална протеза која ќе биде поврзана со преостанатите заби. Парцијалните протези се естески, со копчиња и пречки, без визуелни недостатоци.

Тотални протези

Тоталните протези се надомесоци кои се изработуваат кога нема ниту еден преостанат заб во вилицата. Материјалот за изработка на овие протези во основа е многу мек, како гума, за да може пациентот подобро да се навикне на протезата и да ја користи без никакви тегоби и проблеми.

ИМПЛАНТОЛОГИЈА

Имплантите се титаниумски колчиња (завртки), кои хируршки се поставуваат во виличната коска. Целта на нивното поставување е тие да бидат носачи на идните протетски конструкции (коронки и мостови) Имплантот многу стабилно се поставува во коската со посебна процедура, а потоа на него се поставува коронка со што се добива вештачки заб идентичен на природниот. Со имплантите може да се заменат еден, неколку заби или сите заби во устата. Тие се користат како основа за соло коронки и за фиксни мостови.

Денталните импланти механички се вметнуваат во коската, а таа се поврзува со нив по пат на осеоинтеграција. Тоа е природен процес преку кој коскеното ткииво сраснува со имплантот и го прифаќа како свој природен дел. Вака вградениот имплант претставува многу цврста основа за идните вештачки заби. Со имплантите и со мостовите изработени над нив, комплетно се враќаат во нормала функциите на џвакање, голтање, зборување, се враќа физиономијата на ликот и се постигнува естетика исто како и кај природните заби. Имплантирањето е рутинска процедура која не е болна за пациентите, тие многу лесно ја прифаќаат и најчесто не се појавуваат сложени постоперативни компликации.

За детални информации и објаснување проверете тука

Работиме со електронски картички

Имплантологија

Пациенти од странство