Политика за приватност

ПЗУ Про Дента Два, посветува значајно внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент од деловните процеси, со примена на стандардите утврдени со законските и подзаконските акти за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и интерните акти на друштвото.

Оваа политика за приватност обезбедува општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница и/или кога ја користите на други начини, т.е. кога се регистрирате на неа.

Контролор на збирки лични податоци Контролор на личните податоци е ПЗУ Про Дента Два (во натамошниот текст: Про Дента) со седиште на адреса Реонски Центар Аеродром – Ул. “1613” бр.6/3 1000 Скопје Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат според одредбите од законот за заштита на личните податоци.

Чии податоци собираме?

Можеме да собираме податоци поврзани со следните категории на лица:

  • Посетителите на нашата веб-страница www.prodenta.mk.

За навигација кои се користат за анализа на податоците од посетите на нашата веб-локација, како и за одржување на безбедноста на информациите на нашата веб-локација.

  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

За да се обработат барањата за пристап до информации, од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Лични податоци кои се постапуваат

Податоци за навигација – кога ја посетувате нашата веб-локација, на серверот, за секој посетител се креираат дневници со следните податоци:

  • Вашата адреса на Интернет протокол (IP).
  • Земја (одредена со IP адресата).

Време на складирање на собраните податоци

Податоците што ги собираме се чуваат според Законот и периодот неопходен за постигнување на целта на обработката.

Кои се вашите права?

Вашите права во врска со обработката на личните податоци се: право да се биде информиран за обработката на личните податоци;

  1. право на пристап до лични податоци;
  2. право на корекција и бришење на лични податоци;
  3. право на ограничување на обработката на личните податоци;
  4. право на приговор.

Право на поднесување барање до ЗДПД

Доколку сметате дека начинот на кој Про Дента ги обработува вашите лични податоци ги прекршува одредбите од Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до ЗДПД како надзорно тело, кое ќе биде постапено на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно Член 97 од Законот за заштита на личните податоци. Барањето може да се поднесе преку веб-страницата или на кој било начин преку контакт информации објавени на www.dzlp.mk.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува согласно промените и нашите активности.